Top Sport

Интер заинтересирани за Инсиње, тој одбива да потпише нов договор со Наполи

Лоренцо Инсиње уште нема потпишано нов договор со Наполи и може да биде продаден за 30 милиони евра на Интер, кои се подготвени да пронајдат вистинска замена за Ромелу Лукаку.

Италијанскиот репрезенативец има договор со клубот од Неапол до јуни 2022, и досега нема вистински знаци дека е подготвен да го продолжи договорот. Неговиот агент веќе бил во посета на седиштето на клубот, но засега не е изгледно дека ќе дојде до нова понуда.

Интер, пак, веќе се пред договор со Един Џеко од Рома како краткорочна замена за Лукаку, кој заминува во Челси, но газдите на тимот сакаат да го намалат бесот на играчите со позвучно засилување пред крајот на преодниот рок.

Scroll to Top