Top Sport

Диего Коста пред договор со Атлетико Минеиро

Ветеранот Диего Коста има вербален договор за едногодишна соработка со бразилскиот Атлетико Минеиро во висина од 3 милиони долари, за конечно да се врати на фудбалот, откако во декември си замина од Атлетико Мадрид.

Ова треба да биде големо засилување за тимот од Бело Хоризонте, кој неодамна се договори со уште еден напаѓачки ветеран, Хулк. Диего Коста очекувал повисока плата, но покрај гарантираните 3 милиони долари во договорот ќе има уште многу бонуси кои ќе може да ги достигне во текот на сезоната.

32-годишниот Коста последен пат играше минатиот декември, кога неговиот договор со Атлетико беше прекинат шест месеци предвреме. Тој изјави дека заминува поради „лични причини“, а потоа беше поврзуван со трансфер во Бенфика, кој не се реализираше.

Scroll to Top