Миши Батшуаи не може да се наметне во својот матичен клуб, Челси, но тоа не му пречи да поставува рекорди.
Белгиецот, синоќа, го постигна единствениот гол за Валенсија против Селта (1:1) и стана првиот фудбалер во 21.век што успеал да постигне гол во Примера, Премиер лигата, Бундеслигата и француската Лига 1.
Батшуаи вчера погоди за Валенсија, а голови постигнувал и за Челси, Борусија Дортмунд о Олимпик Марсеј.
Белгискиот репрезентативец е играч на Челси од јуни 2016 година, но не успеа да ја добие довербата од ниту еден од менаџерите, најпрвин од Жозе Мурињо и Антонио Конте, а сега и од Маурицио Сари.