Реал Мадрид внимателно го следи плејмејкерот на Лестер, Џејмс Медисон. На „Сантијаго Бернабеу“, се убедени дека англискиот фудбалер може да биде идеална замена за Лука Модриќ.
„Фишајес“, пишува дека Реал во летниот преоден рок ќе испрати понуда за Медисон.
„Реал ќе испрати понуда која на „Кинг Пауер“ нема да можат да ја одбијат“.
Се шпекулира дека Лестер за Медисон бара 70.000.000 евра. Фудбалерот има договор со „лисиците“ до јуни 2024 година.
Медисон има 25 години, во Лестер пристигна во 2018 година од Норич. Од почетокот на сезоната одиграл 40 натпревари, постигнал 13 голови и забележал седум асистенции.