Симоне Инзаги стана неочекуван прв кандидат за испразнетата клупа на Јувентус, а шпекулациите се зголемија откако тренерот на Лацио нема да оди на прес-конференција денеска, поставувајќи го на првото место на листата на „старата дама“ пред Синиша Михајловиќ и Маурицио Сари.
Јуве по многу шепкулации потврди дека Масимилијано Алегри нема да биде тренер следната сезона, и сега во Торино има многу комбинаторики околу тоа кој ќе го преземе водството на италијанскиот шампион. Откако стана јасно дека „големите“ Пеп Гвардиола, Маурисио Почетино и Зинедин Зидан тешко ќе бидат достапни, Андреа Ањели остана со малку опции.
Повеќе извори во Италија го посочуваат Инзаги како прв фаворит, иако тука е и Сари, кому местото во Челси не му е сигурно. Според „Ла газета дело спорт“, директорите Фабио Паратичи и Павел Недвед контактирале со повеќе тренери, а во игра е и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, додека Антонио Конте речиси сигурно ќе оди во Интер и е не во игра.
Алегри пак, според „Ил месаџеро“ и „Кориере дело спорт“ е прв фаворит за клупата на Рома, откако наводно имало контакт помеѓу претседателот Џејмс Палота и поранешниот тренер на Јувентус.