Top Sport

Инзаги и Интер се под притисок во Порто, Сити и Лајпциг стартуваа од нула

Вечерва и утре ќе се одиграат последните четири реванш натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите. Вечерва од 21 часот се среќаваат Порто – Интер и Манчестер Сити – Лајпциг.

Интер во Португалија ќе ја брани минималната предност оставрена на Џузепе Меаца, додека Сити и Лајпциг се издначени по првите 90 минути (1:1).

Интер во првиот натпревар го совлада португалскиот тим со 1:0.

„Кориере дела сера“ пренесува дека тренерот на тимот на Интер, Симоне Инзаги ќе добие отказ доколку не се пласира во четвртфиналето.

„Фудбалерите на Интер немаат доверба во тренерот, прват довербата во тренерот беше разнишана откако Интер минатата сезона не го освои Скудетото, иако имаше големи шанси да го стори тоа. Односите меѓу играчите нагло се влошија. Односот меѓу Ромелу Лукаку и Лаутаро особено е доведен во прашање, а Марцело Брозовиќ, кој важеше за клучен играч, не се чувствува конфорно откако го загуби местото во стартниот тим од Хакан Чалханоглу“, пишува весникот.

Челниците на Интер се незадоволни поради лошите игри во Серија А во последните недели и двата порази во последните три натпревари.

Инзаги го презеде Интер во јуни 2021 година. Миланскиот клуб моментално е на второто место на табелата во Серија А со 18 бодови помалку од првопласираниот Наполи.

Манчестер Сити и Лајпциг одиграа нерешено 1:1 во Германија и сега им претстои реванш на „Етихад“.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека тој и неговите играчи се под огромен притисок да ја освојат Лигата на шампионите.

„Освојувањето на Лигата на шампионите би го дефинирало мојот мандат во Манчестер Сити во очите на јавноста, но јас не се согласувам со тоа. Ни судат нашите резултати во тоа натпреварување. По мојот прв натпревар во Лигата на шампионите, ме прашаа дали јас дојдов во клубот за да го освојам ова натпреварување. Ќе бев под таков притисок доколку бев тренер на Реал. Колку и да напредуваме, очекувањата на луѓето нема да се променат“, рече Гвардиола.

Scroll to Top