Top Sport

Инзаги: Интер не заслужи да загуби и ќе се врати многу брзо во ново финале на ЛШ

Интер загуби во финалето во Лигата на шампионите од тимот на Манчестер Сити со 0:1, но се бореше храбро до крајот и немаше да биде незаслужено доколку тимот успееше да добие и нешто повеќе од конечниот резултат. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, верува дека ова финале е само почеток и дека неговиот тим наскоро ќе се врати посилен од кога било.

„Одигравме одличен натпревар и треба да бидеме горди на тоа. Не треба да размислуваме што требаше да се случи бидејќи заслужуваме повеќе. Ги прегрнав моите играчи еден по еден бидејќи беа неверојатни како и нашите навивачи и заслужија поинаков резултат, но се надевам дека се среќни да видат како играше тимот во финалето против еден моќен Манчестер Сити“, изјави Инзаги.

Тренерот на тимот од Милано истакна дека со атмосферата која моментно владее во соблекувалната, идниот успех ќе биде неизбежен и покрај поразот во финалето.

„Во последните 25 минути од натпреварот видовте дека работите се споија така што топката едноставно не сакаше да влезе во голот. Се случува, се случува, вклучително и во финалето на Лигата на шампионите. Но, сепак против Манчестер Сити игравме со сите сили и го направивме тоа многу добро. Со духот што го покажавме, мислам дека многу брзо ќе се вратиме“, истакна тренерот на Интер.

Scroll to Top