Филипо Пипо Инзаги во наредната сезона ќе го предводи тимот на Бреша, во италијанската Серија Б.
Во минатото еден од најдобрите светски напаѓачи, во Бреша пристигна од Беневетно. Со овој клуб тој избор промоција во Серија А, но по завршената сезона не успеа да опстане во елитното италијанско фудбалско друштво.
„Започнувам нива авантура. Горд сум што дојдов во Бреша. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Масимо Челино и на спортскиот директор што ми ја укажаа оваа шанса“, рекол Инзаги.
Во досегашната кариера, Пипо како тренер ги предводел Милан (2014-2015), Венеција (2016-2018) и Болоња (2018-2019).
Da oggi ruggiamo insieme. Benvenuto Mister! ??
➡️ https://t.co/5z0dAYR6j7#Inzaghi#SerieBKT #Forzabrescia⚪️?? pic.twitter.com/aoIbj77kaG
— Brescia Calcio BSFC (@BresciaOfficial) June 9, 2021