Top Sport

Инзаги: Не можеме вака ако сакаме скудето

Симоне Инзаги призна дека е многу лут на неговите играчи по 0:2 поразот од Сасуоло, оценувајќи дека тим кој се бори за скудетото не може да има „толку погрешен пристап кон фудбалот“.

Со победа, „нераѕурите“ ќе ги поминеа Милан на првото место на табелата, откако нивните градски ривали одиграа само 2:2 со фенерџијата Салернитана вчера, но Џакомо Распадори и Џанлука Скамака ги искористија дефанзивните грешки за да забележат славна победа, покрај гостинските триумфи против Јувентус и Милан оваа сезона.

„Многу сум лут на овој приод, бидејќи имавме три дена од мечот со Ливерпул, зборувавме дека Сасуоло ги победија Милан и Јуве на гости и дека играат одличен фудбал. Во второто полувреме се обидовме да се вратиме, направивме многу шанси и немавме среќа, но останува фактот дека требаше да имаме поинаков приод. Има уште 13 натпревари до крајот, подготвени сме и мораме да одиме напред. Но, тим кој сака скудето не смее да игра вака“, вели Инзаги.

Во последните шест меча од Серија А, Интер имаа 110 удари на гол, а постигнаа само шест гола, додека против Сасуоло имаа вкупно 30 обиди.

Сасуоло го шокираше Интер на „Сан Сиро“, Милан останува лидер во Серија А

Scroll to Top