Натпреварите во новата сезона во Лига Европа, фудбалерите на Лацио ќе ги започнат со дуелот против Клуж. Покрај Лацио и Клуж в групата се наоѓаат Рен и Селтик.
„Ова е тешка група, повеќе е за Лигата на шампиони отколку за Лига Европа“, рекол тренерот на римската екипа, Симоне Инзаги.
„Селтик и Клуж играа квалификации за пласман во Лигата на шампионите, додека Рен го освоија Суперкупот на Франција. Немавме добра ждрепка, тоа е сигурно“, заклучил Инзаги.