Симоне Инзаги вели дека е горд што неговиот Интер успеа да направи пресврт и да стигне до 2:1 победа над Венеција во вчерашниот меч, за деветта победа во 10 меча во Серија А, но воопшто не е задоволен од состојбата на теренот на „Сан Сиро“, велејќи дека станува невозможно за Интер, но и за Милан да ги играат своите мечеви.
„Најголемиот проблем за Интер и за Милан е состојбата а ‘Сан Сиро’, бидејќи теренот станува невозможен за игра. Можевме и подобро, но подлогата е навистина страшна. Никогаш не било толку лошо“, вели Инзаги.
Бидејќи двата клуба го користат истиот стадион, нема време за интервенција на подлогата – вечерва Милан играат со Јувентус во големото дерби.