Top Sport

Уште трае дискусијата дали Кавани беше во офсајд, Мојс вели дека мора да веруваат во ВАР

Манчестер јунајтед вчера стигна до драматична 1:0 победа над Вест хем во последните секунди од мечот, откако Единсон Кавани му ја „намести“ топката на Маркус Рашфорд во ситуација која беше на граница на офсајд.

Дел од фановите на Вест хем беа лути на социјалните мрежи, сметајќи дека Уругваецот дефинитивно бил во офсајд и покрај тоа што Премиерлигата објави официјална фотографија покажувајќи зошто не се работело на офсајд.

Менаџерот на Вест хем, и поранешен менаџер на Јунајтед, Дејвид Мојс, нема проблеми со ситуацијата.

„Не ја видов снимката детално, но според сите одговори немаше офсајд, така што мора да им веруваме на ВАР дека носат точни одлуки. Се браневме добро до тој момент, кога се исклучивме и им дозволивме да дадат гол“, изјави Мојс.

 

Scroll to Top