Top Sport

Инзаги: Секоја натпревар до крајот на сезоната за нас е финале

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека неговиот клуб заслужено се пласирал во финалето на Купот на Италија, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер синоќа го совлада Јувентус со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар одигран во Торино заврши со резултат 1:1.

„Сакавме по секоја цена да одиме во финалето и заслужено сме таму. Зад нас е натпревар што практично го контролиравме од првата минута“, изјави Инзаги.

Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра со градскиот ривал Милан, додека во Серија А е на шестото место на табелата со 54 бодови.

„За нас сите натпревари до крајот на сезоната се практично како финале. Следен е Лацио во Серија А, сега тој дуел е најважен“, изјави тренерот на Интер.

Интер во финалето на Купот на Италија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Кремонезе. Фиорентина победи со 2:0 на првиот меч во Кремона, а реваншот е вечерва во Фиренца.

Scroll to Top