Top Sport

Инзаги тренер на сезоната во Серија А

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А за оваа сезона, соопштија челниците на натпреварувањето.

Наградата ја додели жирито на директори на спортските медиуми. Тие го оценуваа секој тренер врз основа на технички и спортски критериуми, квалитетот на играта на нивните тимови, како и нивното однесување на натпреварите.

Инзаги со Интер во актуелната сезона убедливо ја освои титулата шампион на Италија, на коло пред крајот на првенството има 19 бода повеќе од второпласираниот Милан.

Тој во досегашната кариера покрај Интер беше тренер и на Лацио.

Scroll to Top