Top Sport

Инзаги: Утре е еден од најважните натпревари во историјата на Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, даде коментар во пресрет на утрешниот реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите против градскиот ривал Милан.

„Утре е еден од најважните натпревари во историјата на Интер. Првиот натпревар заврши 2:0 во наша корист, но Милан е одличен тим. Знаеме против кого играме, но знаеме и дека сме во одлична форма“, изјави Инзаги.

Тренерот на Интер верува дека Ромелу Лукаку е сега во вистинската форма.

„Она што го гледате сега е вистинскиот Лукаку. Во последниот месец игра како што сите очекува“, истакна тренерот на Интер.

Scroll to Top