Top Sport

Инзаги: ВАР ја уништува возбудата во фудбалот

Тренерот на Лацио, Симеоне Инзаги вели дека електронскиот видео-систем за помош на судиите (ВАР), кој оваа година првпат се користи во Италија ја уништува возбудата во фудбалот, откако прво им беше досуден пенал, а потоа повлечен во мечот со Интер.

Инзаги пресметува дека одлуките на ВАР го чинеа Лацио седум поени досега оваа сезона, но повеќе е загрижен за влијанието на играчите, тренерите и навивачите.

„Мојата оценка е апсолутно негативна, бидејќи се отстранува возбудата во фудбалот, играчите не се гушкаат кога ќе постигнат гол туку веднаш гледаат кон судијата. Тоа ја скратува возбудата за нас и за фановите. За мене, адреналинот веќе го нема. Повеќе ми се допаѓаат натпреварите од Лигата Европа, бидејќи таму го нема системот“, вели Инзаги.

Лацио добија пенал по 60 минути игра, откако додавањето на Чиро Имобиле го удри Милан Шкриниар на ногата, па раката, но судијата се предомисли по консултациите со ВАР, оценувајќи дека се работи за случаен удар со раката.

Лацио и претходно се жалеа на ВАР, а сега Инзаги вели дека тие го чинеле два поени во 1:1 ремито со Фиорентина и три во контроверзниот 3:1 пораз од Торино, по кој претседателот на тимот се закани дека ќе го повлече тимот од Серија А.

Scroll to Top