Симоне Инзаги, тренерот на Интер, ја презеде одговорноста за лошиот старт во новата сезона во Серија А.
Тимот од Милано претрпе три порази во првите седум кола и со 12 бода се наоѓа на седмото место во италијанскиот шампионат. Во неделата Интер загуби од Удинезе со 3:1.
Соочен со повреди на клучните играчи, Инзаги не сакаше да бара изговори.
„Вината е само моја. Имаме лош почеток на сезоната, но ништо не беше загубено. Во игра сме и во италијанското првенство и во Лигата на шампионите. Верувам дека наскоро ќе почнеме да бележиме добри резултати во серијата. Гледам светлина на крајот од тунелот“, рече Инзаги.
Ова лето Лукаку се врати во Интер како најголемо засилување, но моментално е повреден, додека формата од Аталанта се уште не може да ја најде Германецот, Робин Госенс.