Откако ФИФА не им дозволи да го играат мечот пред домашната публика во Багдад, Ирак стигна до фантастична 1:0 победа над Обединетите Арапски Емирати во Саудиска Арабија за да останат кандидати за пласман на Светското првенство.
Јужна Кореја и Иран веќе ги обезбедија своите билети за Катар, по што ОАЕ и Ирак се главни кандидати за третото место, кое ќе води во бараж, откако Хусеин Али го постигна единствениот гол на мечот.
Саудиска Арабија, пак, пропушти шанса да обезбеди директен пласман откако одиграа 1:1 со „отпишаната“ Кина, и сега во следното коло во директен дуел со Австралија ќе се обидат да стигнат до билет за Мундијалот.