Иранскиот голман Алиреза Бејраванд топката со рака ја фрлил на далечина од 61,26 метри со што влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Голманот на Боависта, овој рекорд го забележа на 11.октомври 2016 година, во квалификацискиот натпревар за пласмна на Светското првенство, против Јужна Кореја.
Иран играше на СП во Русија, а Бејраванд на Мундијалот се истакна кога му одбрани пенал на Кристијано Роналдо.
Гинисовата книга на рекорди пет години по дуелот со Јужна Кореја го верификуваше овој рекорд.