Сардар Азмун со прекар „Иранскиот Меси“, кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига. Трката за потписот на Азмун ја доби Баер Леверкузен, објави новинарот Фабрицио Романо.
„Фармацевтите“, на Зенит, за трансферот на Азмун понудиле 18 милиони евра. Баер во трката за Азмун ја победи Рома.
Романо, чии најави за трансфери секогаш се точни, тврди дека Иранецот во наредните денови ќе го потпише договорот.
Азмун, три и пол години го носи дресот на Зенит. За рускиот шампион одигра 84 натпревари, постигна 54 гола.