Top Sport

Иранските навивачи ги вознемирувале Роналдо и соиграчите (Видео)

Навивачите на Иран правеле бучава пред хотелот во кој се сместени Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од португалската репрезентација, воочи решавачкиот натпревар, во Б-групата на мундијалот во Русија.

Португалската државна телевизија емитувала снимка на која се гледа како Роналдо стои на прозорецот и ги повикува иранските навивачи да прават бучава.

Иран и Португалија играат вечерва од 20 часот во Саранск. Иран може да се пласира во осмина-финалето само доколку забележи победа против европскиот шампион.

Од друга страна Португалија и со бод ќе оди во наредната рунда. Во вториот меч Шпанија игра против Мароко.

Scroll to Top