Катастрофалната грешка на Столе Димитриевски, го обележа коло во Примера. Голманот на Рајо Валјекано во 77.минута му подари гол на Хетафе. Обидувајќи се да ја исфрли топката од пред својот гол тој го погоди Енес Унал, а топката потоа заврши во неговиот гол.
Во одбрана на Димитриевски по натпреварот застана тренерот Андони Ираола.
„Се случуваат вакви работи, сите ние правиме грешки понекогаш. А, колку бодови ни донесе досега Димитриевски со одлични одбрани. Столе ја има нашата поддршка, зашто сите ние грешиме или ќе згрешиме во иднина. Мене многу повеќе ме загрижува како игравме со играч повеќе на теренот“, изјави тренерот Андони Ираола.
Натпреварот на „Алфонсо Перез“ стадионот заврши без победник 1:1. Прирезултат 0:1, Борха Мајорал не успеа да го совлада Димитиревски од пенал, топката заврши на голот, додека во самиот финиш Давид Сорија спречи победа на Рајо Валјекано откако го одбрани пеналот што го изведе Раул де Томас.
Pero qué es esto💀💀💀💀 pic.twitter.com/9c5VEU0FdV
— D. (@simioexiliado) February 12, 2023