Фудбалската репрезентација на Република Ирска спречи срамотен пораз од Андора, откако губеа со 1:0 за на крајот да стигнат до 1:4 победа, додека Швајцарците беа на „лесен“ тренинг со соседите Лихтенштајн, победувајќи со 7:0.
Андора дојде до водство во 52. минута преку Валес, но Ирците бргу се созедоа и преку Трој Перот прво израмнија во 58. минута, за да поведат во 61. минута. Најт во 84. минута и Хорган во 90. го комплетираат триумфот.
Швајцарците, кои се подготвуваат за ЕУРО 2020, предводени од хет-трикот на фудбалерот на Динамо Загреб, Марио Гаврановиќ стигнаа до 7:0 победа над Лихтенштајн.