Top Sport

Се појави снимка како Агуеро го подарува својот автомобил

Серхио Агуеро пред да замине од Манчестер сити подари на 60-тината вработени на Манчестер сити скап часовник, а еден од вработените (човекот кој е одговорен за дресовите), на интерна лотарија го доби неговиот нов Ренџ Ровер Евок.

Сега, се појави и снимка на која Агуеро го предава автомобилот, по што вработениот го потсетува да не заборави работи внатре. „Твој автомобил, путо“, му порачува Агуеро.

Агуеро веќе потпиша двегодишен договор со Барселона.

Големото срце на Агуеро – го остави Ренџ Роверот на лотарија за вработените

 

Scroll to Top