Шведскиот репрезентативец Александер Исак, го продолжил договорот со Реал Сосиедад. Исак се обврзал да остане во Сан Себастијан до крајот на сезоната 2025/2026.
Клубот соопшти дека Исак, во Стокхолм го потпишал новиот договор. Тој е на одмор, а во Шпанија ќе се врати кон крајот на овој месец.
Исак минатата сезона постигна 17 голови во Ла Лига. Со клубот го освои Купот на Кралот.
Беше дел од репрезентацијата на Шведска, која во вторникот испадна од Украина во осмина-финалето на Европското првенство.
Откупната клаузула во новиот договор на Исак изнесува 100 милиони евра.