Top Sport

Исак потпиша нов договор со Сосиедад

Реал Сосиедад потврдија дека шведскиот напаѓач Александер Исак го продолжил договорот со клубот до јуни 2026 година, ставајќи крај на шпекулациите за можен трансфер во Арсенал и Реал Мадрид.

21-годишниот Исак беше еден од најдобрите во шведската репрезентација на ЕУРО 2020, и се веруваше дека Арсенал размислуваат да ја платат откупната клаузула од 70 милиони евра, исто како и Реал Мадрид, кои во него гледале како на поефтина варијанта за Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Сега, е сигурно дека тој останува во Баскија барем уште пет години, со откупна клаузула од околу 100 микиони евра.

„Пресреќен сум што останувам со Ла Реал. Ова е голем клуб, се чувствувам сакан и сакам да работам уште многу години“, вели Исак.

Сосиедад исто така ја откупија клаузулата на Борусија Дортмунд од 35 милиони евра, бидејќи бундеслигашот досега имаше право да го врати Швеѓанецот кај нив.

Scroll to Top