Top Sport

Обновениот „Сантијаго Бернабеу“ полека ја добива конечната форма

Реал Мадрид преку ново видео го покажаа прогресот во обновата на нивниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ со поставувањето на новиот подвижен покрив.

Огромната работа на еден од најстарите европски стадиои започна во јуни 2019 година, по што „кралевите“ своите домашни мечеви ги играа на „Естадио Алфредо ди Стефано“, каде што обично игра нивниот резервен тим, Кастилја.

Видеото од речиси две минути завршува со уметничка претстава на тоа како стадионот ќе изгледа кога ќе биде комплетиран во септември 2022 година, со футуристички изглед, иако очекувањата се капацитетот да остане на 81.000 гледачи.

Scroll to Top