Неколкумесечна сага, конечно заврши. Ливерпул и Њукасл постигнаа договор – Александар Исак ќе ја продолжи кариерата на „Енфилд“.
Трансфер инсајдерите Дејвид Орнштајн и Фабрицио Романо, објавија дека Ливерпул и Њукасл, договориле трансфер вреден 144,2 милиони евра (125 милиони фунти), што би бил трет најголем трансфер во историјата во однос на надоместокот.
Њукасл ќе добие дополнителни 5 милиони фунти (5,8 милиони евра) од фондот за солидарност, за вкупно 150 милиони евра.
Пред трансферот на Исак, остануваат само трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони) и трансферот на Килијан Мбапе на „Паркот на принцовите“ (180 милиони).
Во исто време, тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, надминувајќи го оној на Енцо Фернандес (122 милиони) од Бенфика од страна на Челзи во јануари 2023 година.
Флоријан Вирц пристигна во Мерсисајд ова лето за почетна сума од околу 115 милиони, но со дополнителни 18,5 милиони кои би отишле на сметката на Баер по исполнувањето на одредени бонуси.
Исак ќе има медицински преглед во текот на денот, по чие успешно завршување треба да биде промовиран.
Швеѓанецот ги бојкотираше натпреварите на Њукасл и не одигра ниту една минута оваа сезона за да издејствува заминување од „Сент Џејмс Парк“. По првата одбиена понуда од Ливерпул, втората беше прифатена и покрај јавниот став на „страчките“ дека играчот не е на продажба.
Минатата сезона постигна 27 гола на 42 натпревари за тимот на Еди Хау. Негова замена е Ник Валтемаде, кој пристигна од Штутгарт.
Откако го комплетираа трансферот на Исак, Ливерпул се насочува кон доведување на Марк Гуеи, капитенот на Кристал Палас. Доколку успеат во тоа, за очекување е Џо Гомез да замине во Милан.
Foto/ EPA