Top Sport

„Исчезна“ колумбиската ѕвезда на Евертон

Колумбискиот фудбалер Јери Мина (26) изненадувачки го пропушти последниот сезонски меч на Евертон во Премиерлигата во кој „карамелите“ беа високо поразени од Манчестер сити со 5-0.

Се уште нема информации дали дефанзивецот на Евертон е повреден или, пак, менаџерот Карло Анчелоти едноставно го исфрлил од тимот, пишува „Марка“.

Пред мечот на „Итихад“ италијанскиот стратег на кормилото на клубот од „Гудисон парк“ не спомена ништо околу настап на Мина на мечот. Другиот Колумбиец во Евертон – Хамес Родригез уште од порано одлета кон татковината со дозвола на клубот, што не е случај со Мина.

Се појавија информации во последниот период дека Евертон би можел да го продаде Мина и да побара нов дефанзивец.

Како и да е, едно е сигурно – „исчезнувањето“ на Колумбиецот не им дојде добро на Анчелоти и на клубот од Ливерпул.

Мина во Евертот дојде пред 3 години од тимот на Барселона. Во кариерата има настапувано и за Депортиво Пасто, Санта Фе и Палмеирас.

Scroll to Top