Top Sport

Исфрлете го Иран од СП, пуштете ја Украина на нивно место!

Генералниот директор на Шахтјор Доњецк, Сергеј Палкин сака Украина да го замени Иран на Светското првенство во Катар по тврдењата на Иран ја снабдува Русија со дронови за војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека седум ирански дронови се срушени од Украинците, додека од САД велат дека Иран има испратено воени експерти на Крим. Палкин вели дека ова е доволна причина Иран да биде исфрлен од Мундијалот.

„Додека иранското лидерство ќе се забавува гледајќи ја својата репрезентација на Светското првенство, Украинците ќе бидат убивани од ирански дронови и ракети. Повеќе од 250 такви дронови ги нападнаа мирните градови на Украина. Шахтјор бара од ФИФА и од интернационалната заедница да ја исфрли иранската репрезентација од Светското првенство за диектното учество во тероризам во Украина. Ослободеното место ќе се пополни од украинската репрезентација, која покажа дека е вредна за настап н СП. Оваа одлука е историски и спортски оправдана. Не треба да се повторат грешките од СП во 2018 во Русија, кога се криеја зад празната теза дека спортот е неполитичен. Учеството на терористи на СП е политика. Време е да се стави крај на таа политика“, се вели во објавата на Шахтјор.

Scroll to Top