Фудбалерот на Бетис, Иско е прогласен за најдобар играч на Конференциската лига оваа сезона, беше објавено на веб-страницата на натпреварувањето.
Иско одигра девет натпревари во лигата оваа сезона, постигна два гола и забележа три асистенции.
Во соопштението за медиумите се истакнува дека 33-годишникот играл во историската сезона на Бетис, водејќи го тимот до нивното прво европско финале, како и дека е повторно повикан во шпанската репрезентација по шест години.
„Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, рече за него дека има „квалитет што прави разлика“, додека фудбалерот „сините“, Енцо Фернандез, изјави дека „ги покажал сите свои квалитети што ги покажал во текот на целата своја кариера“, беше објавено на веб-страницата на натпреварувањето.
Во среда, во Вроцлав на „Турчински арена“, Бетис беше поразен од Челзи во финалето на Конференциската лига со 4:1.
Конференциската лига го објави и „Ол стар“ тимот за оваа сезона:
голман: Филип Јоргенсен (Челзи)
одбрана: Јусуф Сабали (Бетис), Тосин Адарабиојо (Челзи), Натан (Бетис), Робин Госенс (Фиорентина)
ред за врска: Свит Сеслар (Целје), Иско (Бетис), Енцо Фернандез (Челзи)
напад: Кол Палмер (Челзи), Афимику Пулулу (Јагиелонија- Токмак Нгуен (Ѓургарден).
👕✨ The UEFA Technical Observer Group has selected its 2024/25 UEFA Conference League Team of the Season…#UECL pic.twitter.com/XnZGaAlahv
— UEFA Conference League (@Conf_League) May 29, 2025