Top Sport

Иско ќе го засили Унион Берлин?

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Иско Аларкон, кој во последните шест месеци беше член на Севилја, би можел да направи интересен трансфер во Бундеслигата. Како што најавува „Билд“, тој е во завршни преговори со Унион Берлин и би можел да го засили овој тим во битката за шампионската титула со Баерн Минхен.

Интересно е дека името на Иско го скандирале и фудбалерите на Унион Берлин во соблекувалната откако дознале дека се започнати преговори со Шпанецот.

Иско освои пет европски титули со Реал Мадрид.

Во Унион Берлин пред неколку дена пристигна и хрватскиот десен бек Јосип Јурановиќ од шкотскиот гигант Селтик.

Scroll to Top