Top Sport

Иско не успеа да ја натера девојката да навива за Реал

Шпанските таблоиди последнава недела имаа забава со личниот живот на ѕвездата на Реал Мадрид, Иско и неговиот љубовен живот.Прво, тој откри преку социјалните мрежи дека е во врска со Сара Саламо, позната шпанска актерка, и уште поважно позната како голем навивач на Атлетико Мадрид. Иско реши да постави фотографија на Инстаграм со пораката: „веќе ја преобратив“ и на која девојката има капа од Реал Мадрид.

Саламо врати веднаш на Инстаграм со видео во кое објаснува дека ја носела капата само бидејќи студело и дека нема шанси да го смени клубот.

Scroll to Top