Top Sport

Тифозите на Јуве со посвета на Манџукиќ

Марио Манџукиќ не беше дел од тимот на Јувентус за дуелот со Барселона во ЛШ во средата, но тоа не им пречеше на тифозите на „старата дама“ да му посветат одлично внимание.

Навивачите на Јуве не ја забораваат борбеноста со која популарниот „Манџа“ се одликува на теренот и му посветија транспарент со пораката „Воини меѓу луѓето“.

Токму Манџукиќ беше избран за најдобриот играч минатата сезона во избор на навивачите на Јувентус пред имиња како Гонзало Игуаин и Џанлуиџи Буфон.

Scroll to Top