Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, побарал трансфер во друг клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Според овие извори, соиграчите не биле задоволни како 28-годишникот се однесувал на натпреварите и тренинзите.
Според овие извори, минатата недела, на еден од тренинзите имало остар разговор помеѓу Иско и капитенот Серхио Рамос. Капитенот имал забелешки на однесувањето.
Иско сака да биде дел од репрезентацијата на шпанија на ЕУРО 2021 и верува дека ќе се избори за својот статус само доколку замине во клуб каде што стандардно ќе игра. Наводно за неговите услуги сериозно се заинтересирани во Евертон.
Иско оваа сезона има одиграно 13 натпревари за Реал, постигнал еден гол.