Иако до крајот на сезоната во Ла лига за Реал Мадрид има 11 натпревари (единствено натпреварување каде што уште се натпреваруваат), Иско смета дека новата ера на „кралскиот клуб“ започнала со враќањето на Зинедин Зидан на клупата.
Шпанскиот репрезентативец има ужасна сезона, откако претходниот тренер Сантијаго Солари воопшто не му даваше шанса, и тој сега вели дека враќањето на Зизу е добра вест за сите во клубот.
„Ла лига е тешко натпреварување, но ќе се обидеме да ги освоиме сите можни поени до крајот. Промените почнаа сега и потребни ни се навивачите на наша страна. Кон нашиот тим секогаш има краен притисок и мораме да се бориме за сите титули. Ова не беше наша година, но историјата на клубот не учи дека нема откажување. Сите знаеме кој се врати во клубот и каков беше Зидан како фудбалер и како тренер. Ова е добра вест за сите, бидејќи тој го сака Реал Мадрид и тоа го докажа уште еднаш“, вели Иско.