Top Sport

Испечатени банкноти, симбол на доларот и зборот мафија – Навивачите на Атлетик побараа Барса да биде исфрлена од лигата

Барселона, синоќаво Билбао, славеше со многу среќа и ја задржа предноста од девет бода во однос на Реал Мадрид. Мечот го реши Рафиња, а најдобар поединец беше голманот Тер Штеген, кој имаше неколку извонредни интервенции.
Натпреварот на новиот „Сан Мамеш“, сепак го обележа потегот на навивачите на Атлетик.

Тие на теренот фрлија испечатени банкноти и картони со грбот на Барселона, симболот на доларот и зборот мафија.

„Ниту Барселона, ниту Мадрид, само Атлетик“, скандираа навивачите на клубот од Билбао. Од трибините се слушаа и повиците дека Каталонците треба да бидат исфрлени во Сегунда.

Главна причина е наводната измама на Барселона со судиската комисија и плаќањето на поранешниот член на судиската комисија, Енрикез Негреира.

Поради овој случај обвинителството покрена истрага.

Scroll to Top