Top Sport

Исполнета роденденска желба – млад фан на Борусија го доби дресот на Халанд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа доживеаја пораз од 3-1 од Баерн Минхен во рамки на германскиот Суперкуп, но ѕвездата на „милионерите“ направи убав гест по завршувањето на мечот.

Иако Норвежанецот по поразот немаше многу причини за задоволство, забележа на трибините момче со транспарент на кој пишуваше:

„Здраво Ерлинг, може ли да го добијам твојот дрес? Утре е мојот роденден. Многу ти благодарам!“.

Халанд се качи на трибините и на малиот фан на „милионерите“ лично му го врачи подарокот.

Scroll to Top