Кристијано Роналдо Јуниор неколку пати покажа дека има слични квалитети со топката како неговиот татко, но сега на осум години почна да собира и индивидуални награди, нешто со што посебно се гордее фудбалерот на Реал Мадрид.
Во саботата, Јуниор го доби трофејот за најдобар стрелец во школската лига, добивајќи мал трофеј и медал во присуство на неговата баба, Долорес Авеиро. Неколку часа подоцна и Кристијано Роналдо се пофали на својот Инстаграм профил.
Постариот Роналдо има доволно индивидуални рекорди – најдобар стрелец во петте најсилни европски лиги (391), во Лигата на шампиони (120), на Европското првенство (29) и на Светското клупско првенство (7), а исто така оваа година стигна до рекордни 17 голови во една сезона на ЛШ.