Top Sport

Истанбул може да извиси за финалето на ЛШ

Финалето на Лигата на шампионите треба да се одржи на 10 јуни на стадионот Ататурк во Истанбул, но постои можност натпреварот да се пресели во друг град.

Причината е што УЕФА е загрижена за потенцијалните граѓански немири поради претседателските избори во Турција.

Првиот круг од изборите ќе се одржи во недела, додека вториот круг е закажан за почетокот на јуни. Португалските медиуми објавија дека УЕФА веќе стапила во контакт со Фудбалскиот сојуз на Португалија и го информирале дека постои можност финалето да се одигра во Лисабон на стадионот на Бенфика.

Да потсетиме дека во првите полуфинални натпревари Реал и Сити одиграа 1:1, а Интер победи со 2:0 против Милан.

Scroll to Top