Top Sport

Историја во БИХ – победа од 11:0, сите голови ги дал еден фудбалер!

Од Втората лига север во Босна и Херцеговина доаѓаат вести за навистина неверојатен меч помеѓу клубовите Сеона и Челиќ.

Победата од 11:0 на Сеона можеби не е изненадувачка бидејќи тоа е клуб кој е на првото место на табелата и прв кандидат за влез во Првата лига, но зачудувачки е што сите 11 голови ги постигнал напаѓачот Аднан Салкиќ.

Колку и да е квалитетот на босанскохерцеговскиот напаѓач, сепак, ова не е рекорд по бројот на постигнати голови на еден меч од еден фудбалер. Во меѓународниот фудбал, тука е рекордот на Арчи Томпсон, кој постигна дури 13 гола во 31:0 победата на Австралија над Американска Самоа во квалификациите за СП во 2002 година, додека клупскиот рекорд го држи Гркот Панајотис Понтикос, кој постигна 16 гола за својот тим Олимпос Ксилофагу против Ајос Анатасиос во 2007 година.

Scroll to Top