Top Sport

Историска сезона во Лигата на шампионите

Сезоната 2021/2022 е историска во Лигата на шампионите. Прв пат повеќе од еден тим, фазата во групи, ја заврши со максимален број на победи.

Баерн Минхен, Ливерпул и Ајакс во осмина-финалето се пласираа со освоени 18 поени.

Баварците по два пати ги победија Барселона, Бенфика и Динамо Киев, Ливерпул беа надмоќни во дуелите со Атлетико Мадрид, Порто и Милан, а Ајакс доминираа во групата со Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд и Бешикташ.

Баерн и Реал се единствените клубови кои два пати првата фаза ја завршувале со максимален учинок. Баерн покрај оваа сезона, шест победи оствари и во 2019/2020, а Реал без пораз групата ја минуваше во 2011/2012 и 2014/2015.

Претходно шест победи во групата имале Милан во сезоната 1992/93, ПСЖ 1994/95, Спартак Москва 1995/96, Барселона 2002/2003.

Scroll to Top