Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, вечерва ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал. Вилијамс ќе го урне 30 години стариот рекорд на Хуан Антонио Ларанага.
Ињаки Вилијамс од 20.април 2016 не пропуштил ниту еден натпревар на славниот клуб од шпанската покраина Баскија. Во изминатите 1.990 денови, Вилијамс, одиграл 202 натпревари, вечерва против Алаваес ќе го одигра 203 и ќе влезе во историјата на фудбалот во Шпанија.
На вечната листа тој сега е израмнет со Ларанага, кој во периодот 1986-1992 година, одиграл 202 натпревари во низа за Реал Сосиедад.
Претходните 202 натпревари, Вилијамс 168 пати бил во стартниот тим, а 34 пати влегол во игра од клупата за резерви.
Атлетик Билабо, вечерва од 21 часот, ќе го пречека локалниот ривал Алавес.