Top Sport

Историски ден за Лечестер – „Лисиците“ го освоија ФА купот

Фудбалерите на Лестер го освоија трофејот во ФА купот. „Лисиците“, во финалето го совладаа Челси со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Јури Тилеманс во 63.минута. Лестер од петтиот обид успеаја да го освојат првиот трофеј во ФА купот.

Во еден тврд натпревар, во кој двата тима играа претпазливо, Лестер успеа да издражи благодарение на голот на Тилемас и одличниот капитен Шмајхел на голот.

Челси постигнаа гол за израмнување во 89.минута, Морган си постигна авто-гол, меѓутоа ВАР го поништи поради минималниот офсајд во кој се најде поранешниот играч на Лестер, Бен Чилвел.

Scroll to Top