Top Sport

„Историскиот масакр заслужува историска одлука“

Навивачите на Аталанта не ја подржуваат идејата за продолжување на сезоната во Серија А кога за тоа ќе се стекнат услови. Аталанта е од Бергамо град кој е најмногу погоден со епидемијата на коронавирусот.

„Претседателе Прекази, овој масакр во градот заслужува и единствена историска одлука. Природно е драг претседателе што мислиме дека не е можно да ја завршиме сезоната. Сакаме нашата Аталанта да биде пример за сите во оваа војна, независно од тоа што ќе решат челниците на Серија А. Замислите само колку навивачи на Аталната однесе овој проклет вирус. Тоа би било непочитување кон луѓето кои го дадоа животот за Бергамо. За враќањето на Аталанта има време, еден ден ќе го освоиме Скудетото, но сега нема логика да играме“’, се наведува во соопштението на навивачите на Аталанта.

Се претпоставува дека токму натпреварот на Аталанта против Валенсија во Лигата на шампионите, на 19 февруари, бил биолошка бомба, односно придонел коронавирусот о голема брзина да се рашири во северниот дел на Италија.

„Биолошка бомба“ – 40.000 се заразиле на натпреварот Аталанта-Валенсија

Scroll to Top