Британската полиција ги истражува заканите што биле упатени до сопругата на фудбалскиот судија Мајкл Оливер. Судијата во центарот на вниманието дојде по четврт-финалниот реванш помеѓу Реал и Јувентус и досудениот пенал за „кралскиот клуб“ во 93.минута.
По мечот Оливер беше криткуван од страна на голманот на Јувентус Џиџи Буфон, италијанските медиуми и голем број на навивачи на „старат дама“.
Гневот на армијата на навивачи на Јувентус, Оливер дополнително го навлече, кога Би-би-си, објави порака на неговата сопруга од нивниот одмор во Мадрид, на која пишува: „Го сакаме Мадрид“.
Отако на социјалните мрежи бил објавен бројот на нејзиниот мобилен телефон, таа станаа цел на многубројни закани.
Здуржението на професионални судии од Премиер лигата го поддржа Оливер и ги осуди оние што ја навредувале неговата сопруга.