Top Sport

Катар ќе разговара за проширувањето на СП во 2022 година

Катар побарал разговори со челниците на ФИФА во врска со подготвките и логистиката за можното зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во 2022 година, од 32 на 48 репрезентации.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), во четвртокот, побара ФИФА да го смени форматот на Мундијалот во Катар. Вакви промени ФИФА планира од Светското првенство што ќе се одржи во 2026 година.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека таквиот преглед бара сериозна анализа, бидејќи со евентуалното проширување би бил зголемен и бројот на натпревари што треба да се одиграат на СПСж.

Евентуалната промена би влијаела и врз инфраструктурата, па веројатно би требало да биде изграден уште некој стадион или во организацијата да се вклучи и некоја од соседните земји.

Катар планира натпреварите на СП да се играат на осум стадиони.

Scroll to Top