Top Sport

Истрага против четворица играчи на ПСЖ поради навредливи песни

Пари Сен Жермен го совлада Олимпик од Марсеј со 4:0, но триумфот остана во сенка на навредливото скандирање на играчите и навивачите на парискиот клуб по натпреварот.

Француската Лига 1 покрена дисциплинска постапка против „светците“, а четворица играчи ќе треба да дадат изјави пред комисијата.

Хакими, Коло Муани, Курзава и Дембеле заедно со навивачите пееја погрдни песни за Олимпик од Марсеј, инаку најгиолемиот ривал на ПСЖ.

Сите четворица ќе се појават пред комисијата на 5 октомври, по натпреварот од Лигата на шампионите против Њукасл.

Францускиот министер за спорт го осуди скандирањето на играчите и навивачите на Пари Сен Жермен.

Scroll to Top