Top Sport

Евролига: Пјер Џекосн МВП на првото коло

Кошаркарот на Макаби од Тел Авив, Пјер Џексон е МВП на првото евролигашко коло, објави Евролигата на својата интернет страница. Макаби во првото коло победи во Бамберг, а тимот до триумфот го предводеше поранешниот играч на Цедевита.

Пјер Џексон, во триумфот 88:71 имаше учинок од 27 поени, 7 скокови, 9 асистенции и 2 украдени топки, што му донесе индекс на корисност 41.

Според индексот (32) зад него е младата ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Дончиќ. Словенецот во првото коло, против Ефес во Истанбул, забелеѓа 27 поени на кои придодаде по четири скока и асистенции.

Џексон и Дончиќ воедно беа најефикасни во првото коло, а Американецот имаше и најмногу асистенции, девет, колку што оствари и новиот играч на Барселона Тома Ертел.

Најмногу скокови во првото коло оставри крлниот играч на ЦСКА Москва, Вил Клејбурн (12). н.ц.

Scroll to Top