Top Sport

Истражување на ФИФА и ЦЕИС: Србија и Хрватска доминираат во две категории

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и швајцарскиот Интернационален центар за спортско истражување (ЦИЕС) направија истражување во кое се анализирани репрезентациите кои изборија пласман на Светското првенство во 2018 година во Русија.

ФИФА и ЦИЕС одбрале одредени категории и споредувајќи ги репрезентациите дошле до интересни податоци кои се однесуваат на самите репрезентации и на нивните континентални федерации.

Хрватска и Србија се репрезентациите од регионот кои ќе играат на Светското првенство и тие можат да се пофалат дека се најдобри во две категории.

Српската репрезентација во квалификациите била „највисока“ со просек од 185,6 сантиметри. Зад Србија според просечната височина се Шведска, Исланд, Данска и Хрватска (184,9). Најниска селекција има Саудиска Арабија (176,2).

УЕФА го држи приматот меѓу континенталните федерации (183,2).

Хрватска заедно со Шведска и Исланд се единствените репрезентации кои квалификациите ги одиграле без фудбалери кои настапуваат во националните првенства.

На спротивната страна се наоѓаа Англија и Саудиска Арабија. Сите фудбалери на овие две селекции настапуваат во националните првенства.

Кога станува збор за годините, највозрасна репрезентација има Панама (29,4 години), додека најмлад тим има Нигерија (24,9 години). Србија на оваа листа е на 12. место со просечна старост на играчите од 27,7 години, а Хрватска е на 14.место (27,5).

Интересна е и категоријата во која убедливо на првото место е Мароко. Имено, дури 61,5 отсто од репрезентативците на Мароко не се родени во оваа држава. Хрватска високо котира на оваа листа со 15,4 отсто, додека Србија е некаде на средината (3,8 отсто).

Истражувано е и во која земја играат најмногу фудбалери кои ќе учествуваат на Мундијалот. Тоа е Англија, во чии првенства настапуваат 164 репрезентативци на разни држави, односно 15,3 отсто од играчите кои играле квалификации за Русија 2018.

Scroll to Top